Search

Криси Тајген ја разлути корисник на Твитер што го коментира есејот на Меган Маркл

Криси Тајген се најде во одбрана на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, која доби неочекувани критики откако откри дека имала спонтан абортус.

39-годишната Американка Меган, член на британското кралско семејство, проговори за неодамнешниот спонтан абортус во есеј за „Њујорк Тајмс“ објавен во вторникот.

А Криси Тајген, 34-годишна манекенка која претрпе загуба на бременоста минатиот месец, застана во одбрана на војвотката од Сасекс, откако еден корисник на Твитер напиша дека Меган есејот го објавила со себична намера.

„Наградата за апсолутна глупост денес му припаѓа на Марко Џанaнџели. Му честитам на овој piece of s**t , напиша Тајген како одговор на твитот на Џананџели, и подоцна го избриша. Набргу откако го избриша својот твит, Криси се врати на платформата, и напиша: „Извинете, заборавив дека се обидувам да бидам пољубезна“.

Оригиналниот твит на Џананџели, во кој ги објаснува критиките за есејот на Маркл во „Њујорк Тајмс“, сè уште е присутен на Твитер.

„Дали некој навистина се сомнева во болката и страдањето од претрпен спонтан абортус или можеби ја критикуваат одлуката на Меган да напише текст од 1.000 зборови за себе?“

Во нејзиниот есеј објавен во Њујорк Тајмс, со наслов „Загубите што ги споделуваме“, Маркл детално го опиша трагичното јулско утро кога сфатила дека го губи своето второ дете.

Треба да знаете
Последни објави