Search

Криси Тајген и Џон Леџенд ја продадоа куќата во Беверли Хилс за 16,8 милиони долари

Криси Тајген и Џон Леџенд продадоа палата од 8.520 квадратни метри со седум спални соби и девет бањи за 16,8 милиони долари, по долготрајните напори да се ослободат од главниот имот.

Криси (35) и Џон (42) минатиот август се иселија од импресивниот дом во Беверли Хилс, според „Њујорк пост“, кој минатата година по само една недела на пазарот се продаде по цена од 24 милиони долари.

Меѓутоа, како што изјави претставник на локална агенција за недвижности за порталот, гореспоменатиот купопродажен договор не се реализирал, а доцнењата во процесот создале погрешен впечаток кај потенцијалните купувачи дека имотот воопшто не е на пазарот.

Треба да знаете
Последни објави