Search

Криминалот во Битола лани намален за седум отсто

СВР-Битола во текот на 2018 година регистрирале 3.037 кривични дела, и споредено со 2017 година кога вкупниот број на кривични дела изнесувал 3.263, има намалување за 7 проценти.

Од СВР-Битола информираат дека станува збор за константен пад на бројот на кривични дела бидејќи во 2015 година имало 3.288, а во 2016 година имало 3.305 кривични дела.

-Вкупниот број на поднесени кривични пријави во текот на 2018 година изнесува 1.423 за разлика од 2017 година каде бројот на поднесени кривични пријави изнесува 1.292, што значи имаме зголемена ефикасност при поднесокот на пријави  и тоа  за 10 насто, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола, и додаде дека по однос на поднесените кривични пријави од економски криминал евидентирано е зголемување 66 насто.

СВР-Битола во минатата година архивирале намалување на кривичните дела од класичен криминал, но и зголемување на ефикасноста при расветлување на кривичните дела.

-Последниов период бележиме константен тренд на намалување на тешките кражби, а најчесто станува збор за кражби со незначителна материјална штета. СВР-Битола ќе продолжи со превземање на засилени мерки и активности во борбата против криминалот на подрачјето на кое гравитираме, нагласи Стаматова.

Треба да знаете
Последни објави