Search

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ го уништи здравството,  денес се градат нови клинички центри,се укинуваат квоти за лекови, здравството се унапредува, се грижиме за граѓаните

Соопштение за јавност-реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.
„Невидено лицемерие е кога криминалната ВМРО-ДПМНЕ зборува на тема здравство и глуми лажна загриженост  за здравствениот систем.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години имаше време да направи нешто во здравството но наместо тоа парите безмислосно ги фрлаше на лажен барок, споменици и стиропор, а на сметка на тоа здравството падна на  дното. Наместо, за нов Клинички над 600 милиони евра, пари на граѓаните одеа за задоволување на криминалните апетити на Груевски и фамилијата додека здравството се подлабоко тонеше, а клиничкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ остана само на тараби и огромна дупка.
Владата на СДСМ ја санираше лошата состојба.
Конечно во нашата држава ќе има нов современ клинички центар  кој ќе ги задоволи потребите на граѓаните но и условите во кои работат здравствените работници.
Во меѓувреме се реконструираа повеќе одделенија кои со години не беа пипнати.
Како дел од тие реконструкции се одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје односно одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија, одделението за урологија и одделот за дигестивна хирургија.
Во Куманово е отворен нов, современ Ургентен  центар кој што пружа здравствени услуги на околу
200 000 жители во кумановскиот регион, каде што на едно место ќе има тријажа и дневна болница.
Наместо на споменици како што трошеше ВМРО-ДПМНЕ, 1,3 милијарди денари се искористија за општата болница во Куманово и реконструкција на болницата во Кичево .
Владата предводена од СДСМ го унапредува здравството ,преку подобрување на  условите за престој на пациентите во болница и  условите за работа на здравствените работници“.

 

Треба да знаете
Последни објави