Search

Кризниот штаб на Белата куќа предупредува дека протестите низ САД можат да го зголемат бројот на заразени од коронавирус

Кризниот штаб на Белата куќа за борба против епидемијата на коронавирус денеска ги предупреди гувернерите на американските сојузни држави дека масовните протести за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд можат да доведат до зголемување на случаите на заразени со Ковид-19.

-Ние го почитуваме правото на секој Американец да ги остварува своите права според Првиот амандман, но сакаме да ги охрабриме да го направат на безбеден начин, изјави американскиот потпретседател, Мајк Пенс, за време на видео конференцијата со државните лидери, се наведува во  аудио записот што го имаше на увид Си-Би-Си Њуз .

Експертот од Кризниот штаб, Дебора Беркс, забележа дека во повеќето големи градови низ САД во последните недели е забележен пад на нови случаи  со Ковид-19, но не е јасно дали маските што ги користат некои демонстранти се ефикасни во спречување на натамошното ширење на коронавирусот, особено затоа што поризични групи им се приклучија на мирните демонстрации.

Таа, исто така, изјави дека во насилните протести биле оштетени 70 места за тестирање, објави Би-Би-Си.

Треба да знаете
Последни објави