Search

Кризниот штаб има уште два дена да одлучи дали ќе има полициски час

Конечната одлука дали ќе биде воведен полициски час од петок до понеделник наутро за граѓаните на Србија, како мерка за заштита од ширењето на пандемијата со коронавирусот која повторно зема замав кај северниот сосед, ќе ја донесе Кризниот штаб, во наредните два дена, порача министерот за здравство во земјата Златибор Лончар.

Министерот не прецизираше дали оваа одлука ќе се однесува за целата територија на државата или само како што првобитно најви претседателот Александар Вучиќ само за главниот град Белград, кој моментално е најголемото жариште за ширењето на коронавирусот. И Лончар, како и епидемиолгор Предраг Кон, член на кризниот штаб во Србија напомена дека немаат намера да ги казнуваат со затворање дома и на оние кои се придржуваат на мерките за заштита.

Токму најавата за воведување на полицискиот час од страна на Вучиќ беше повод синоќа да се случат немирни протести во Белград во по кој во судирите настрадаа демонстранти и полициски службеници .

 

 

Треба да знаете
Последни објави