Search

Кризниот штаб во Србија ќе одлучува дали ќе биде воведен карантин за повратниците во земјата

Кризниот штаб на Србија за борба против пандемијата предизвикана од коронавирусот денеска ќе одлучува дали да се воведе десетдневен карантин (самоизолација) за граѓаните кои деновиве масовно се враќаат од одмор во Црна Гора и Хрватска, пренесуваат српските медиуми.

Како што соопшти Министерството за здравство на Србија, зголемувањето на новозаразените со коронавирусот во земјата е последица на враќањето на граѓаните од одмори од тие земји. Министерството уште еднаш апелираше до сите што се враќаат во земјата да бидат солидарни и да го намалат движењето во првите седум дена по нивното враќање, да ги намалат контактите на минимум или веднаш да се тестираат.

Опцијата за задолжителен карантин или десетдневна самоизолација не е исклучена, иако епидемиологот Предраг Кон претходно изјави дека сигурно нема да има карантин во институции надвор од адресата на живеење. Кон не очекува дека ќе биде воведена мерка на задолжителна самоизолација, но истакна дека тоа „не значи дека Кризниот штаб нема да го смени својот став по тоа прашање“.

Треба да знаете
Последни објави