Search

Кризен состанок поради ширењето на коронавирусот во словенечките домови за стари лица

Министерството за здравство на Словенија свика итен кризен состанок поради состојбата во домовите за стари лица, каде што вкупно 137 пензионери се заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, дел од починатите лица од Ковид-19 во земјата се токму стари лица сместени по домовите.

Дополнително и 30 здравствени работници кои се грижеле старците се заразени, а вирусот досега е потврден во вкупно осум пензионерски домови.

Се очекува по итниот состанок кој се одржува во Љубљана, да бидат донесени дополнителни мерки за заштита на старите лица.

Треба да знаете
Последни објави