Search

Кризен состанок во Париз по вчерашните насилства

Премиерот Едуар Филип ги повика министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер и неговиот државен секретар Лоренс Нуњез на кризен состанок по вчерашното насилство на Елисејските полиња за време на демонстрациите на жолтите елеци, јавува дописникот на МИА.

-Ќе бидат преземени дополнителни мерки (за одржување на редот и мирот), тоа нема да биде нов закон, но ќе се преземат мерки, рече министерката за здравство Агнес Бузан во неделното интервју за РТЛ-Фигаро-ЛЦИ .

Министерката додаде дека саботните насилници „дејствувале во мали групи и дека било многу е тешко да се приведат”.

Целта на денешниот состанокот е да се работи на мерките најавени од страна на претседателот на Франција, Емануел Макрон кој го прекина својот викенд на скијање за да се врати во Париз по насилствата.

-Денес имаме луѓе кои се обидуваат со сите средства… да и наштетат на Републиката за да ја скршат, ризикувајќи и да убиваат… Многу нешта се направени од ноември, но многу е јасно денес, денешниот ден тоа го покажува дека со овие случаи, ние не сме направиле се, призна тој .

За, Макрон „сите оние кои биле таму (на демонстрациите) биле соучесници” во уништувањето на дел од Шанзелизе.

Шефот на државата вети дека набрзо ќе предложи „силни, дополнителни мерки”.

Опозицијата и градските власти на Париз бараат од владата и претседателот конкретни мерки за да му се стави крај на насилството, но и да се даде соодветен одговор на барањата на жолтите елеци.

Во притвор во Париз се 200 луѓе, по саботата, обележана со насилството на Шанзелизе, каде 80-на луксузни продавници беа оштетени.

Треба да знаете
Последни објави