Search

Кризата во Боливија се продлабочува, има недостиг на храна и гориво и зголемен број на жртви

Боливиските власти испратиле хеликоптери со основни намирници во главниот град Ла Паз, среде извештајот за недостиг на храна и гориво, пренесува Би-би-си. Бидејќи приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес ги блокирале главните патишта во земјата, владата одлучила да ги заобиколи на овој начин.

Властите велат дека голем товарен воен авион „Херкулес“ слетал во Ла Паз носејќи месни производи, пренесува „Ројтерс“.

Тие исто така наведуваат дека со Ла Паз е воспоставен „воздушен мост“ и дека слични комуникации ќе бидат обезбедени со други големи боливиски градови кои се отсечени и не можат да бидат снабдени поради блокади на патиштата.

Моралес поднесе оставка на 10 ноември и избега во Мексико, откако се соочи со обвинувања за изборна измама.

Најмалку 23 лица се убиени во политички немири.

Привремено на власт дојде самопрогласената претседателка на Боливија, Жанин Анес. Сепак, протестите на приврзаниците на Моралес продолжија во поголемите градови во Боливија.

Треба да знаете
Последни објави