Search

Кривокапиќ: Победниците на изборите во Црна Гора денеска во Собранието треба да покажат одговорност пред народот

Лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора”, Здравко Кривокапиќ, пред денешната конститутивна седница на новиот состав на црногорскиот Парламент изјави дека очекува победниците на парламентарните избори да покажат одговорност.

„Од сите кои ја извојуваа оваа историска победа во Црна Гора очекувам  да покажат одговорност, бидејќи сум сигурен дека оние кои гласаа за нас не ги разбираат индивидуалните интереси на никој од нас, и тие не треба да ги имаат”, напиша Кривокапиќ на Фејсбук.

Тој истакна дека граѓаните на Црна Гора „со тешкотии, во нееднаква борба, извојуваа победа врз ретроградниот режим”, го пренесува весникот „Вијести” ставот на Кривокапиќ.

„Затоа се надевам дека утре сите ќе бидеме свесни дека треба да излеземе пред народот”, додаде лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора”.

Денеска треба да се оддржи конститутивната седница на новиот состав на Парламентот на Црна Гора, на која треба да бидат избрани претседателот и потпретседателот на парламентот.

Треба да знаете
Последни објави