Search

Кривокапиќ најави дека составот на владата ќе биде познат до петок

Мандатарот за состав на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ рекол дека комплетниот состав на владата ќе биде познат до петок и оти ќе ги испочитува роковите за да достави предлог за состав и експозе до парламентот три дена пред седницата, пишува црногорскиот весник „Вијести”.

Според весникот, Кривокапиќ повторил дека во игра се по тројца кандидати за министер за одбрана и внатрешни работи.

„Вијести” додава дека мандатарот не сакал да потврди дали лидерот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ сè уште е кандидат за министер за внатрешни работи, но, додава дека тој потврдил дека ќе биде потпретседател на владата.

– Неговата нова улога ќе биде да ги координира сите сектори на безбедносната структура. Постојат три дела, еден во рамките на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), вториот во полициската управа и третиот во врска со Министерството за одбрана и военото разузнавање, рекол Кривокапиќ.

Треба да знаете
Последни објави