Search

Кривичнa пријавa против двајца лихвари од Радовиш

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Радовиш поднесе кривична пријава против две лица од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.

Како што информираа од полицијата во текот на 2017 и 2018 година, првопријавениот или 62-годишниот радовишанец Д.К. му дал заем од 500 евра на С.П. од село Ораовица и на неговата невенчана сопруга Н.П.. После тоа, тие покрај основиот долг, во повеќе наврати, му исплатиле дополнителен износ од 21.000 денари.

Во истиот тој период второпријавениот Т.Ј. на возраст од 77-години му дал заем од 50.000 денари на С.П., а тој за седум дена, покрај основниот долг, му исплатил дополнителен износ од 5.000 денари, велат од полицијата.

По ова во месец јуни годинава пријавените отишле во домот на С.П. во село Ораовица, и го принудиле да потпише изјава за долг од дополнителни 975 евра, по што двајцата континуирано му барале исплата на наведената сума, со месечна камата од 10 проценти, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави