Search

Кривично досие за британската лекарка што незаконски давала хормони за промена на полот на деца

Британска лекарка која им давала хормони за промена на полот и на деца на возраст од 12 години, е казнета со парична казна од 14.000 фунти откако била кривично осудена за водење нелегална онлајн родова клиника од својот дом во Велс, пренесува „Брејтбарт“.

Хелен Веберли беше прогласена за виновна за нелегално пружање медицински услуги минатиот месец откако продолжила да работи во приватната клиника и им ги давала хормонски третмани на деца откако регулаторот одбил да ѝ даде лиценца.

Окружниот судија Нил Томас изјави дека обвинетата покажала јасно одбивање да го почитува законот откако судот дознал дека таа работела без дозвола од март 2017 до февруари 2018 година. Инспекторатот за здравство Велс, кој рече дека клиниката претставува ризик за јавната безбедност и не ѝ даде дозвола на Веберли за онлајн услуги минатата година.

Генералниот медицински совет отвори истрага за Веберли по жалбите дека издава хормонски лекови кои предизвикуваат трајни промени во телото на деца на возраст од 12 години на кои им бил одбиен третман во Националната здравствена служба  чии водичи посочуват дека децата мора да бидат на возраст од „околу 16 години”.

Откако судот во понеделникот ѝ наложи да плати парична казни од 12.000 фунти и од 2.000 фунти покрај трошоците од 11.307 фунти, Веберли изјави дека е шокирана со одлуката.

Треба да знаете
Последни објави