Search

Кривични пријави против тројца скопјани поради продажба на оружје дрога

СВР Скопје поднесе две кривични пријави против 21-годишниот В.М. и 38-годишниот З.Т., двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против 25-годишниот С.Ч. исто така од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пред четири дена, како што соопштија од МВР, полициски службеници извршиле претреси
во доовите на пријавените.

Кај прво пријавените двајца во домовите биле пронајдени пиротехнички средства, боеви куршуми, гасен пиштол и 28 куршуми за гасен пиштол. Додека, како што соопштија од МВР, кај третопријавениот била пронајдена и одземена кеса со марихуана.

Треба да знаете
Последни објави