Search

Кривични пријави и за три лица, двајца во Прилепско и едно во Штипско, за непочитвање на наредбата за самоизолација

 ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Прилеп и против С.Л.(24) од село Житоше, општина Долнени, додека СВР Штип против В.Н.(32) од село Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

На 17.03.2020 пријавениот Д.К. допатувал од ризична земја на граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирусот и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена. На 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, соопшти денеска МВР, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом на ул.,,Пере Тошев”.

С.Л.(24) од село Житоше, општина Долнени, на 17.03.2020 допатувал од ризична земја на граничен премин ,,Деве Баир”, каде потпишал изјава и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 ден, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом, односно не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Н.(32) од село Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 17.03.2020 во 04.20 часот на Граничен премин „Деве Баир”, тој остварил допатувал од Р.Словенија, поради што потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство. При проверка во неговиот дом во село Звегор, од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал на изречените мерки и не постапил согласно препораките на Министерство за здравство.

Треба да знаете
Последни објави