Search

Кривични за четворица дилери на марихуна

Полицијата поднела кривични пријави за четворица дилери на марихуана, информираше МВР.

Станува збор за Р.Ј.(21), Ј.Д.(20), двајцата од Пробиштип, како и за К.С.(20) и Х.К.(20), двајцата од Куманово. Четворицат се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според полицијата, на 21.03.2018 година К.С. и Х.К. со возило во кое имало марихуана заминале кон Пробиштип да ја предадат на другите двајца осомничени. Четворицата се сретнале на улицата Цветко Тонев, а полицијата ги уапсила во момент на предавањето на дрогата.

Треба да знаете
Последни објави