Search

Кривични за двајца струмички дилери на кокаин

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Џ.(33) и К.А.(25), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 18.08.2018 на улица „Ленинова“ во Струмица полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, а при преглед на Т.Т. од Струмица пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од второпријавениот.

По преземени мерки било утврдено дека истиот ден во Струмица второпријавениот го купил кокаинот од првопријавениот.

Треба да знаете
Последни објави