Search

Кривични за двајца велешани- дилери на амфетамини и хероин

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.И.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 05.03.2018 година во Велес  на улица „Љубен Весов“, од полициски службеници, кај П.И. биле пронајдени и одземени амфетамини, кои ги набавил од пријавениот. По изврешен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, мешавина на марихуана и тутун, мешавина од парацетамол и кофеин  и мешавина од бензокаин и фенацетин.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.С.(30) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 05.04.2018 година во Велес, од полициски слулжбеници, при претрес во патничко моторно возило марка„Голф“, сопственост на пријавениот, бил пронајден и одземен хероин.

Треба да знаете
Последни објави