Search

Кривична против чичкото кој гo врза внукот за дрво во Парк и ја тепаше внуката која му давала вода

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице, информираат од МВР.

На 28 јуни, околу 12.30 шасот, осомничениот, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, малтретирал две деца на кои им бил чичко. Кога мајката на децата му ги оставила за да ги надгледува, осомничениот едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност. Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Настанот бил снимен и пријавен од страна на очевидец.

Треба да знаете
Последни објави