Search

Кривична против три лица поради посредување и трговија со оружје

Полицијата поднела кривични пријави против тројца кумановци осомничени дека фрлиле бомба во двор на сограѓанини, информираше МВР.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Т. (49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување” во врска со „предизвикување општа опасност” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, против И.Ш.(53) од село Оризари,  за сторено кривично дело „поттикнување” во врска со „предизвикување општа опасност” и против С.А. од село Оризари,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“.

На почеток на мај 2018 година во кафе-бар во Куманово првопријавениот С.Т. побарал од второпријавениот И.Ш. да договори со трето лице, за паричен надомест од 1 000 евра, лицето да фрли експлозивна направа бомба во двор од куќата на Д.Г. од Куманово. Потоа, С.Т. на И.Ш. му ја дал експлозивната направа бомба, по што тој му ја дал на С.А., кој на 27.05.2018 година околу 3:30 часот ја фрлил во дворот од куќата на Д.Г.

Треба да знаете
Последни објави