Search

Кривична против скопјанец за трговија со дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  М.Г.(28) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик. При претрес на пријавениот пронајдени се марихуана и амфетамин.

Треба да знаете
Последни објави