Search

Кривична против дилер од Арачиново во чиј автомобил бил пронајден хероин

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишник од скопското село Арачиново, откако во автомобил кој го управувал била пронајден хероин.

Како што информираат од МВР, на 02. декември на локален пат од селото Никуштак кон селото Грушино, полицајци извршиле претрес на пријавениот и автомобилот „Бе-ем-во“, со велешки регистарации, кој го управувал, при што пронашле и одзеле хероин.

27-годишникот се товари за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги…“.

Треба да знаете
Последни објави