Search

Кривична пријава против поранешна директорка на градинка во Берово

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 67-годишен жител на Берово за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти МВР.

Во текот на 2016 година пријавената, како директор на ОЈУДГ „23-ти Август“ – Берово, при набавка на компјутерска опрема, целокупната набавка ја разделила на два засебни дела, за да ја избегне постапката предвидена во Законот за јавни набавки, со што им овозможила економските оператори да се стекнат со противправна имотна корист од 64.398 денари“ се наведува во соопштението на МВР.

Треба да знаете
Последни објави