Search

Кривична пријава и дисциплинска за полицаец на „Табановце”

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава до Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања против А.Б. вработен како полицаец во полициска станица за гранични работи „Табановце”, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” казниво по член 353 став 1 од Кривичне законик.

На 21.11.2021 во 10:50 часот на граничен премин „Табановце” пријавениот при вршење на пасошка контрола, соопштија денеска од МВР, одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид 19 предизвикана од вирусот SARS-COV-2.

Против полицискиот службеник изречена е и мерка отстранување од работното место до завршувње на дисциплинската постапка. 

Треба да знаете
Последни објави