Search

Кривична пријава за Скопјанец поради недозволена трговија со оружје и експлозивни материи

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи, поднесе кривична пријава против Р.К.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. На 23.01.2019 година на улица „Ѓорче Петров” полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое бил пријавениот, при што пронашле и одзеле два пиштоли, две рамки и 100 куршуми.

Треба да знаете
Последни објави