Search

Кривична пријава за поткуп за гласови во Делчево

На 16.10.2021 во ПС Делчево на информативен разговор е повикан Н.С. (35) од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање”, како и К.С. (35) кој примил 3.000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори.

Известено е ОЈО Делчево и по насоки од истото извршен е разговор со повеќе лица. Паричните средства во висина од 3.000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.

Треба да знаете
Последни објави