Search

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Ванчо Стојанов (51) од село Едрениково, Струмичко, поради постоење сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето и против правното лице ДПТУ „Црвена ружа“ експорт-импорт ДОО Струмица од Струмица и В.М. (51), управител во фирмата поради употреба на исправа со невистинита содржина.

Стојанов, во својство на градоначалник на општина Василево, искористувајќи ја својата службена положба, постапил спротивно на Законот за постапувањето со бесправно изградените објекти на штета на буџетот на Општината. Според полицијата, тој извршил нелегална легализација, односно пренос на правото за легализација, на објект на Ветеринарна станица Струмица, изграден во 1959 година во село Василево, за кој Општината поднела барање за легализација без никаков правен основ и тоа право го пренесува на правното лице со цел стекнување одредена корист.

На тој начин ѝ овозможил на „Црвена ружа“ да стекне противправна имотна корист и во текот на 2015 година да изврши легализација на објект за кој поднел барање за легализација од 2011 година. Подоцна, В.М. како управител на правното лице, со договор за купопродажба го ѝ продал на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави