Search

Кривична пријава за дилер на кокаин од Чегране

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 39-годишник од село Чегране и 28-годишник од Гостивар вмешани во производство и продажба на кокаин.

Како што информираат од МВР, на 21. април минатата година на гостиварската улица „Седе Костоски“, при полициска контрола на автомобил управуван од 28-годишникот бил пронајден кокаин за кој тој кажал дека го набавил од дилерот во Чегране.

Во гостиварското село, при претрес во домот на првопријавениот 39-годишник, полицијата пронашла и одзела кокаин, таблети и рамка од пиштол „Застава М57“, калибар 7,62х25 милиметри.

Кривичните пријави против двете лица се поднесени поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено прозводство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Треба да знаете
Последни објави