Search

Кривична пријава за двајца делчевци кои не ја почитувале мерката за самоизолација

Две лица од Делчево казнети за непочитување на мерката за самоизолација. Првата кривична пријава од страна на Одделението за внатрешни работи Делчево му е поднесена на шеесет и две годишниот Ф.Т од Делчево, кој се товари за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
-На 13 март 2020, при проверка од полициски службеници, пријавениот Ф.Т не е затекнат на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, инфомираат од ОВР Делчево.
Втората кривична пријава поради сличен прекршок ја заработи и Т.Н.(47) од село Град.
-На 18 март 2020 во 12:30 часот во село Град, при проверка од полициски службеници, пријавениот не бил пронајден на пријавената адреса за самоизолација, иако, исто како и во претходниот случај примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство и потпишал изјава за 14-дневна самоизолација, информираат од делчевската полиција.
Кривичната пријава на 47 годишниот жител на село Град му ја поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.
Треба да знаете
Последни објави