Search

Кривична за сопственик на фирма кој не му исплаќал ноќна и прекувремена работа на вработен

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.К.(54) од Скопје и правно лице од Скопје осомничени за кривично дело повреда на правата од работен однос.

Според истрагата, М.К. како управител на правното лице, спротивно на Законот за работни односи и Законот за минимална плата, на вработениот З.В. му исплаќал минимална плата, односно не му исплаќал додатоци на плата за работен стаж, ноќна и прекувремена работа, работа во ден на неделен одмор и надоместок за боледување.

Треба да знаете
Последни објави