Search

Кривична за советник во СВР-Прилеп, незаконски евидентирал престој на пет Македонци надвор од државата

СВР Битола, Надворешна канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Прилеп до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава за постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело  ,,Несовесно работење во службата“ од чл.353в од КЗ на РСМ против Р. А. (47) од  Прилеп, вработен во Министерството за внатрешни работи на РСМ.

Пријавениот 2016 година во својство на службено лице- одговорно лице во водење на управна постапка, распореден на работно место самостоен советник- Раководител на Одделението за управни работи Прилеп, со пропуштање на должен надзор, овозможил да  им биде евидентиран престој надвор од границите на РСМ на пет лица  државјани на РСМ, спротивно на одредбите определени со ,,Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште“.

Врз основа на вака незаконски евидентираниот престој, од страна на вработени службени лица во Отсекот за управни работи- Прилеп, во текот на 2016 година биле изготвени и издадени документи ( потврди – уверенија), со кои документи се потврдува дека лицата престојувале надвор од РСМ повеќе од една година, а кои понатаму овие документи ги употребиле пред надлежни органи како доказ, за да искористат законски поволности при увоз и регистрација на половни возила од странство кои не можат во РСМ да бидат регистрирани во редовна законска постапка.

 

 

Треба да знаете
Последни објави