Search

Кривична за скопјанец кој обил џип „бмв“

Скопската полиција расветли случај за обивање и кражба од џип и против осомничениот 48-годишник од Скопје поднесе кривична пријава за сторено дело тешка кражба.

Како што информираат од МВР, скопјанецот на 14 септември минатата година на паркинг меѓу два хотела на булеварот АСНОМ со тврд предмет скршил стакло на џип „бмв-х6“, со кавадаречки регистарски ознаки, и одзел лаптоп и лични документи, со што стекнал противправна имотна корист од приближно 27.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави