Search

Кривична за скопски сопружници, фалсификувале дозвола за движење за време на „полициски час“

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“, а во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“, против Х.Р.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против М.Н.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Првопријавениот С.М., во својство на неовластено лице во правно лице од Скопје, во кое сопственик и управител е второпријавената Х.Р., инаку брачен другар на првопријавениот, во период на постоење на вонредна состојба, забрана и посебен режим на движење на територијата на целата држава, на третопријавениот М.Н. му овозможил непречено движење на територијата на град Скопје и околните општини. Тој, иако знаел дека не е овластен во правното лице да издава Дозвола за движење на вработени, со својот потпис и со неовластена употреба на вистинскиот печат од правното лице, заверил и издал Дозвола за движење на вработен, поради вршење на сменска и ноќна работа, а печатот му бил овозможен да го користи од страна на второпријавената.

Третопријавениот се движел на подрачје на град Скопје, при што на 07.06.2020 бил сопрен и контролиран од полициски службеници, а како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење, на увид им ја приложил гореспоменатата дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа од 04.06.2020.

 

Треба да знаете
Последни објави