Search

Кривична за прилепчанец лажел дека може да обезбеди визи за Америка

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(38) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во февруари 2019 пријавениот остварил контакт со Г.С.(62) и му ветил дека може да му обезбеди визи за САД за неговата ќерка и нејзиниот партнер. Потоа, во неколку наврати Г.С. му дал 1600 евра на Д.М., но и по една година визите не им биле обезбедени, по што ги побарал парите назад. Д.М. не му ги вратил парите, а кога му се јавувал на телефон, пријавениот му упатувал закани, по што случајот го пријавил во полиција.

Треба да знаете
Последни објави