Search

Кривична за претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ на Кавадарци, крадел вода

Против претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, Зоранчо Јованчев е покрената кривична пријава за крадење на вода од изворот Лукар, дознава 24 Инфо.

По пријава на граѓаните, претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Зоранчо Јованчев е фатен жив како го наводнувал својот лозов насад во Ваташа со нелегален (див) приклучок на изворот Лукар.

Додека лозарите од општина Кавадарци плаќаат по околу две илјади денари за наводнување на еден декар на нивите лозови насади, претседателот на ОК ВМРО- ДПМНЕ својот лозов насад го наводнувал за џабе, притоа крадејќи вода за пиење од изворот Лукар, и тоа го правел години наназад.

Од МВР потврдуваат дека Полициската станица Кавадарци поднесе кривична пријава против З.Ј.(45) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на вода, казниво по член 235 став 1 во врска со член 122 точка 17 од Кривичниот законик. Пријавениот, пред околу 10 години, без одобрение од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, на место викано „Катуниште“, со спојка и црево долго неколку стотици метри се приклучил на одводна цевка која излегува од хидроцентрала бр.3 и во период од 10 години ја користи водата за наводнување на неговиот лозов насад со површина од 4282 метри квадратни.

 

Во прилог е имотниот лист на лозовиот насад кој е во сопственост на Зоранчо Јованчев

 

-Лицемерието на “загрижениот” лозар и “чесен” арамија Зоранчо Јованчев сме го гледале многупати во минатото, додека молчеше за голготата на лозарите во периодот додека неговата партија беше на власт. Сега во опозиција лиццемерието на арамијата Јованчев се виде повторно минатата недела кога заедно со целото раководство на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци глумеа загрижени лозари на нивниот партискиот протест минатата недела, велат граѓаните.

Ова се слики од нелегалниот приклучок со кој претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Кавадарци крадел од водата за пиење на граѓаните на општина Кавадарци, со цел да го наводнува својот лозов насад во Ваташа.

Треба да знаете
Последни објави