Search

Кривична за педофилот од Бутел

Скопјанецот А.Ф.(20) е манијакот што на велосипед напаѓал жени и девојчиња во Бутел, потврди МВР.

Како што вчера пренесе 24 Инфо, педофилот со велосипед се движел низ бутел и напаѓал, а бил снимен од надзорните камери кога ги вознемирувал ученичките во ОУ„Живко Брајковски“.

„На 07.11.2018 година во 19.30 часот во Полициската станица Чаир било приведено лицето А.Ф.(20) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело во врска со член 186 од Кривичниот законик. По преземени мерки било утврдено дека А.Ф. во текот на минатиот месец на подрачјето на Полициската станица Чаир во повеќе наврати вознемирувал повеќе женски лица, допирајќи ги по телото и обраќајќи им се со вулгарни зборови. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР. 

Момчето е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Како што дознава 24 Инфо, манијакот живеел под кирија во Бутел, а неговиот татко бил осудуван за слични кривични дела.

Треба да знаете
Последни објави