Search

Кривична за кумановец, за пари враќал одземени ловечки пушки

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.Д.(67) од село Делисници, светиниколско,  поради постоење основи на сомнение за сторени три  кривични дела „несовесно работење во службата“. На 05.10.2016, 15.11.2016 и 21.12.2016 година на теренот на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, ловочувари затекнале лица од  село Облавце, општина Старо Нагоричане, од село Студена Бара, кумановско и од Куманово при незаконит лов и им ги одземале ловните пушки, по што ги предавале на првопријавениот, вработен во Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, како одговорен за организација, координација и работа на ловочуварската служба. Тој, на сите три лица им посочил дека на жиро сметка на ловечкото друштво треба да уплатат 18.000, 43.000 и 2.000 денари како донација, за да им ги врати одземените пушки. Откако тие ги уплатиле средствата, првопријавениот, спротивно на Законот за ловство, им ги вратил пушките. Второпријавениот, како раководител на стручната служба на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, со неизвршување на контрола над законско постапување на првопријавениот, овозможил да прибави противправна имотна корист од 63.000 денари за ловечкото друштво и да нанесе штета од 276.750 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави