Search

Кривична за кичевец кој со багер скинал оптички кабел и го прекинал интернетот

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 39-годишен багерист од Кичево, кој на 24 август годинава со багер скинал оптички кабел по што дошло до прекин на телекомуникацискиот и информатичкиот сообраќај.

Како што информираат од МВР, настанот се случил во близина на наплатната рампа Гостивар – Тетово, а пријавениот ангажиран од страна на ЈП „Државни патишта“, додека управувал багер, скинал оптички кабел.

Кривичната пријава против него е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело уништување или оштетување јавни инсталации.

Треба да знаете
Последни објави