Search

Кривичен уште не го прифатил обвинението за „Талир“

Обвинението за предметот „Талир“ на СЈО се уште не е оценето, информираа од Крвичниот суд, откако дел од медиумите објавија дека за него има позитивна оценка и наскоро ќе почне судењето.

-Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинителните акти поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за предметот од обвинителството означен како „Талир“, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт одржа јавна седница  во присуство на странките, но до овој момент се уште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти. Со оглед да за истиот предмет, против еден обвинет врз основа на признани на вина, веќе е донесена пресуда, не треба да се извлекува заклучок дека се оценети и обвинителните акти. Како и за сите други предмети кои се во интерес на јавноста, Основниот суд Скопје 1 – Скопје, навремено ќе ги извести странките и јавноста за решението на Советото на оценка на обвинителн акт за конкретниот предмет, кога истото ќе биде изготвено, велат од Основен суд Скопје1.

Во предметот „Талир“ на СЈО обвинети се шестмина. За незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се товарат екс премиерот Никола Груевски и неговите соработници – Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристовски. Обвинение имаше и за Елизабета Чингаровска но нејзе нема да и се суди откако ја призна вината па во спогодба со СЈО доби двегодишна условна казна.

Според обвинението на специјалното обвинителство, шестемина го прекршиле законот за финансирање на политички партии и законот за спречување корупција па во период од неколку години со притисоци врз компании кои имале договори со државни институции барале пари за финансирање на партијата. Собраните пари наместо да се уплатат во државниот буџет завршувале на сметка на партијата. На овој начин обвинетите прибавиле незаконски средства за финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од над 4 милиони евра.

Според обвинението на СЈО, на сличен начин се градел и новиот објект на партијата со што таа прибавила имотна корист од над 8 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави