Search

Кривичен суд: На судењата се почитуваат сите мерки за заштита од коронавирусот

Основниот кривичен суд Скопје, ја информира јавноста дека согласно препораките на Светската здравствена организација и Владата на РСМ, продолжува со редовни дезинфекции на судниците и другите простории, сите вработени и странки во судот добиваат маски и стерилни ракавици, се мери температурата со безконтактни апарати на сите кои влегуваат во судот, судењата со повеќе присутни се одржуваат во големите судници каде има доволно простор и одалеченост меѓу нив, а вработените кои имаат дете помало од 10 години или биле во контакт со лица со симтоми не доаѓаат на работа.

Судот, согласно одлуката на Судскиот совет и препораката на Министерството за правда изготви листа на итни и неодложни судења кои се насрочени во следниот период  согласно која времено се изземени поголем дел од обвинетите во другите предмети кои не се опфатени во листата се со цел да се минимизира фреквенцијата на луѓе во судската зграда.

-Потребно е да се напомене дека меѓу овие судења се предмети во кои еден или повеќе обвинети се во притвор или куќен притвор, предмети во завршна фаза како и предмети од јавен интерес и предмети за сериозни кривични дела поврзани со Убиство, Семејно насилство, Силување на немоќни или малолетни лица и сл. каде судот е должен да ги штити, меѓу другото, и правата на оштетените. Па токму затоа како суд кој само минатата година имал  вкупно 64.745 предмети во работа, во вакви вонредни услови,
следејќи ги напатствијата на Судскиот совет и Министерството за правда, издвои околу 300 итни и неодложни предмети, во сите оддели,  за кои  ги обезбедува сите услови за нивно одржување. Воедно судот, пред се заради заштита на јавноста, ќе постапува и по сите обвиненија поврзани со член
205 и 206 од КЗ поврзани со Здравјето на граѓаните како и непочитување на полицискиот час и другите мерки, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Но, посочуваат оттаму, дел од странките во постапките, и покрај сите укажувања на судот и министерството за правда, прават напори да ги одложат и одолговлечат овие расправи со што единствено им наштетуваат на останатите обвинети кои се во притвор и оштетените кои се во ичекување на исходот од судењата.

-Во интерес на ажурно постапување на правосудниот систем очекуваме надлежните институции, со посебна уредба да ги запрат сите рокови за застарување како и процесните рокови за време на вонредната состојба, со што сегашното „мирување” на судските процеси нема да ги застари предметите и ќе продолжат онаму каде што застанале, се вели во соопштението од Судот.

Заради сето тоа, апелираат оттаму, дека до евентуални нови напатствија на Судскиот совет и Министерството за правда, судот доследно ќе ги почитува препораките и ќе продолжи да постапува  и истото го бара и од странките во постпаката. Мерките на Владата на РСМ, потенцираат од Судот,  се јасни и недвосмислени и за секоја злоупотреба од било која странка – Законските одредби даваат можност за санкција, построги мерки за обезбедување присуство и назначување бранител по службена должност се со цел заштита на правата на другите странки и оштетените во постапката како и целокупната јавност.

Треба да знаете
Последни објави