Search

Кривичен совет ќе одлучува за гаранцијата на Јанева од Шутка да се пресели дома

Кривичен совет ќе ја разгледува жалбата на екс-специјалната обвинителка Катица Јанева, за понудената гаранција да ја замени „Шутка“ со домашен притвор. Јанева како гаранција понуди три стана, но барањето не и беше прифатено. Судија на претходна постапка во Кривичниот суд, го отфрли предлогот Јанева да излезе од притвор со понудените три станови.

Апелациониот суд ја врати жалбата на Јанева. Од Апелациониот суд велат дека предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција не смеело да се отфрли туку требало да се оцени основаноста.

Од таму додаваат дека за ова ќе го известат Основниот суд Скопје 1, каде сега за жалбата на Јанева ќе треба да одлучува кривичен совет. Кривичниот совет нема рок во кој би требало да одлучи, но бидејќи станува збор за притвор, би требало одлуката да биде донесена набрзо.

Јанева која е обвинета во случајот „Рекет“ се уште се наоѓа на болничко лекување во приватната клиника „Филип Втори“, а во текот на денот треба да биде вратена во истражниот затвор во Шутка.

Треба да знаете
Последни објави