Search

Кривичен бара од ОЈО да го гони Миленко за објавување снимка од рочиште

Кривичниот суд достави службена белешка од Обвинителството во која бара да се утврди одговорноста за објавувањето на снимката од рочиштето на обвинетиот Миленко Неделковски за говор на омраза во статусот за Грција што се одржа на 8 мај во Судот.

-М.Н. побарал да се снима неговото судење по што го подигнал цедето со снимениот материјал од Судот и веднаш го објавил на неговиот фејсбук профил. Материјалот бил преземен и објавен и од порталот Инфомакс. Со тоа обвинетиот направил кривично дело „оддавање службена тајна”, бидејќи не е дозволено снимката од судењето да се објавува и користи за цели надовр од кривичната постапка, велат од Судот и сметаат дека снимката треба да се отстрани од порталот.

Според Судот, ова е прв случај на злоупотреба на снимен материјал од судење иако веќе година и половина се снимаат судски предмети во Кривичниот суд кога има барање од странките.

За оддавање на службена тајна е предвидена казна затвор од три месеци до пет години или парична казна  и затвор до три години доколку делото е направено од небрежност.

Треба да знаете
Последни објави