Search

Крива Паланка домаќин на завршниот турнир за кошаркарки до 14 години

 Завршниот турнир за кошаркарки до 14 годишна возраст  за оваа натпреварувачка сезона 2018/2019 ќе се одржи в сабота во спортската сала „Бранители 2001″ во Крива Паланка.

Клубовите кои пријавија учество на свои кошаркарки во оваа сезона разигруваа по турнирски систем. Тие беа поделени во две групи, 1 и 2, кои разигруваа меѓу себе на вкупно пет турнири по група. Првите две рангирани тимови се здобија со право за учество на завршниот турнир

Клубовите се договорија да завршниот турнир биде одигран во еден ден – сабота, 25. мај 2019 година, а на првиот натпревар ќе играат Крива Паланка – Трокал, потоа следува соочувањето Бадел 1862 – Патриот 2016.

Во финалето ќе се борат кошаркарките кои ќе победат во првиот и вториот натпревар, додека за третото место ќе играат поразените од првиот и вториот натпревар. 

Треба да знаете
Последни објави