Search

Крзнар си поднесе оставка, Кек во дилема дали да седне на клупата кај Динамо Загреб

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски останаа без тренер откако вчера Дамир Крзнар по поразот од Риека во четвртфиналето од Купот, си поднесе оставка. Како негов наследник во медиумите се појави името на Матијаж Кек, словенечкиот селектор, кој порано ја предводеше Риека кога стигна до двојната историска круна за тимот од „Кантрида“.

Кек знае колку е „жешка“ клупата на Динамо, па сигурно не би прифатил да биде тренер само за неколку месеци. Ќе бара договор на најмалку три години. Вториот проблем е што веќе неколку пати одбиваше добри понуди, само да остане на клупата на Словенија. Меѓудругите, едната понуда беше од Италија, а втората од Хајдук. Третата е што Кек не би сакал да прифати среде сезона да води екипа, меѓутоа тука има една олеснителна околност, а тоа е зимската пауза во која Кек може да ја консолидира екипата.

Кек има договор со Словенија до јуни 2022 година и не би требало да биде проблем и сега да ја превземе екипата. Покрај Кек, меѓу кандидатите се и поранешните играчи на „модрите“, Роберт Просинечки и Игор Бишчан.

Треба да знаете
Последни објави