Search

Кречмар го предупредува Кил да се подготви за пекол во Скопје на паркетот и од трибините

Почна да се подграва атмосферата за саботната пресметка во СЦ „Јане Сандански“ меѓу европскиот, регионалниот и македонски ракометен првак Вардар и германскиот Кил, во рамките од 4. коло во групата Б од Лигата на шампионите. Вардар е лидер со максимален скор од три победи, а Кил второпласиран со два триумфа и реми. Саботната пресметката на Вардар и Кил ќе биде за првото место во групата.

Вовед за оваа пресметка направи германската ракометна легенда, Штефан Кречмар во анализата за она што го очекува бундес-лигашите во Скопје.

-На Кил му предвидува тешка битка со Вардар. Актуелниот европски шампион без разлика што пред секоја сезона останува без неколку свои клучни играчи, изнаоѓа соодветни замени и повторно е кандидат за настап на завршниот Ф4 турнир. Кај екипата од Скопје постои желба за игра и тоа агресивна. Во салата публиката прави жешка атмосфер. Токму затоа Кил го очекува тешка задача – вели меѓу другото во анализата Штефан Кречмар, германската ракометна легенда во пресрет на саботниот меч од групата во Лигата на шампионите.

Вардар за овој дуел пушти во продажба дополнителни 500 влезници на трибината каде најзагреаните навивачи можат на стоење да го проследата натпреаврот, откако  беа распродадени тие за седење.

Треба да знаете
Последни објави