Search

Кремљ ќе ги одликува пилотите кои избегнаа авионска несреќа

 Кремљ ќе им врачи државни одликувања на двајцата пилоти, кои успеаја денеска принудно и безбедно да приземјат авион во близина на Москва.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги пофали пилотите, кои им ги спасија животите на патниците во авионот.
– Нема сомнеж дека пилотите ќе бидат наградени, но претходно треба да бидат исполнети некои формалности, на пример тие да бидат официјално предложени за награда, нагласи Песков.
Принудното слетување се случи откако авион со 226 патници и седумчлен екипаж полета од аеродромот Жуковски во Москва кон Симферопољ на Крим и веднаш се судрил со јато птици, кои влегле во моторите на леталото.
Треба да знаете
Последни објави