Search

Кремљ: Турската воена операција во Идлиб е најлошото сценарио

Турската воена операција против сириските владини сили во Идлиб би била најлошото сценарио, смета Русија.

Москва остро се спротивставува на ваквата операција, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Русија и Анкара остануваат во контакт за да се обидат да спречат понатамошна ескалација на тензиите во Идлиб, пренесе „Ројтерс“.

Претходно, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека за време на разговорите со Русија за Идлиб не е постигнат напредок за исполнување на барањата на Турција и предупреди дека воената операција е само прашање на време.

Треба да знаете
Последни објави