Search

Кремљ загрижен поради повлекувањето на трупите во источна Украина

Кремљ објави денеска дека е длабоко загрижен од извештаите за доцнење на повлекувањето на трупите во источна Украина, но се надева дека процесот ќе биде завршен.

Украинските воени и проруски сили почнаа постепено повлекување на трупите во источниот украински град Золот минатата недела, како дел од серијата мерки за ставање крај на конфликтот во кој загинаа повеќе од 13.000 луѓе, објави „Ројтерс“.

Обраќајќи се на новинарите преку конференциски повик, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва би сакала наскоро да се одржи четиристран меѓународен самит за источна Украина, но дека е потребно претходно да се направат подготовки.

Песков рече дека сегашната состојба во врска со повлекувањето на силите во областа Петровска во Донбас е загрижувачка, но дека Русија се надева дека процесот на повлекување ќе заврши наскоро, објави ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави