Search

Кремљ е против вклучување на САД во преговорите за Украина

Русија денеска го отфрли предлогот САД да бидат вклучени во преговорите за решавање на судирите меѓу Владата во Киев и проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека нема поддршка за идејата Вашингтон да се придружи на Нормандискиот формат во обидите да се реши тој судир. Форматот ги опфаќа Русија, Украина, Германија и Франција.

Песков сепак додаде дека САД можат да го искористат своето влијание во Украина, реагирајќи на изјавата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека судирот во Украина нема да се реши без учество на Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави